Многу обвинувања и навреди на социјалните мрежи

Фановите на Ливерпул „грмат“: „Намерно промаши, колку ти платија да го наместиш мечот?“ (ФОТО и ВИДЕО)

Навивачите на Ливерпул си најдоа нова жртва, на социјалните мрежи не се штедеа со обвинувањата и навредите кон Келечи Ихеначо, кој синоќа пропушти убава шанса да го шокира својот поранешен клуб Манчестер Сити.

„Црвените“ имаат извонредна сезона но се чини дека ќе останат со празни раце. Во Лигата на шампионите треба да надополнат негатива од 3-0 против Барселона, во Премиерлигата треба да се надеваат на чудо и кикс на Манчестер Сити во дуелот со Брајтон во последното коло.

Синоќа тие чекаа услуга од Лестер, но Винсент Компани им ги скрши срцата откако за прв пат во дресот на Манчестер Сити постигна гол надвор од шеснаесетникот. Дефанзивецот со „ракета“ во аголот во 70. минута донесе победа од 1-0.

Но навивачите на Ливерпул ги боли и еден момент од финишот на дуелот кога нововлезениот Келечи Ихеначо имаше одлична шанса да изедначи. Напаѓачот е поранешен играч на Манчестер Сити, па фановите не се штедеа во навредите и обвинувањата.

Многумина сметаат дека тој промашил намерно, има и такви кои мислат дека напаѓачот земал пари за да го намести натпреварот. Со играчот дури се мајтапат и навивачите на „граѓаните“ кои велат дека токму поради ова бил продаден на Лестер.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе