Поради расизам

Фан на Челси веќе никогаш нема да стапне на Стемфорд Бриџ, клубот му врачи доживотна суспензија

Челси му даде доживотна забрана за присуство на Стемфорд Бриџ на свој навивач кој во декември го навредуваше Стерлинг на расна основа. 

Челси има нулта толеранција за расизмот, клубот му изрече доживотна забрана на навивач за присуство на Стемфорд Бриџ кој на мечот против Манчестер Сити расистички го навредуваше Рахим Стерлинг.
 
Уште пет навивачи на Челси настрадаа, но тие само привремено. Добија забрана за следење на домашните натпревар во период меѓу една и две години поради користење на навредлив јазик, заканување и агресивно однесување за време на мечевите.
 
Челси информираше дека одолговлекувале со конечната одлука поради деталната истрага на случајот. Казнетите имаат право на жалба.
 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе