Стана хит на социјалните мрежи

Фан на Бенфика отпатува во погрешен Франкфурт: Станавме познати...поради тоа што сме глупави (ФОТО)

Фан на Бенфика кој со пријатели тргна со автомобил да го гледа својот тим на гостувањето кај Ајнтрахт стана вистински хит откако отпатува во погрешен Франкурт.

На „Комерцбанк Арена“, вечерва Ајнтрахт ја пречекува Бенфика во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа. Група фанови на „орлите“ решија во сопствена режија да отпатуваат со автомобил за Германија и да ги бодрат своите миленици.

Но тие се во трка со времето да се појават на трибините откако отпатуваа во погрешен Франкфурт.

Тие отпатувале во Франкфурт на Одра, град кој се наоѓа на германско-полската граница. Натпреварот се игра во Франкфурт на Мајна кој е 600-тини километри поназад и во централниот дел на Германија.

За својата авантура, Алваро Оливеира објавуваше постови на социјалните мрежи (имаше фотка и од Париз на пат кон Германија) и кога се пофали дека конечно стигнал во Франкфурт, еден од следбениците му кажа дека се наоѓа во погрешен град, а тој одговори: „Се по*бавме“.

Откако во коментари му пишаа дури и од Ајнтрахт Франкфурт, тој се пошегува на сопствена сметка: „Станавме познати... поради тоа што сме глупави“.

 

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе