Тоа не им се допаѓа на фудбалерите

Фабрегас открива зошто Сари сака тренингот да почнува точно во 15 часот

Во интервју за „Тутоспорт“, Сеск Фабрегас објаснува зошто го напуштил Челси и каков тренер е Маурицио Сари.

Фабрегас од Челси си замина додека Сари беше тренер на Сините, па сега Шпанецот го споделува тој момент со јавноста.

„Тој сакаше да го игра Жоржињо кој дојде до Челси за 60 милиони евра, мене не ми беше доволно да играм само во Лига Купот и Лига Европа, секогаш бев стартер и затоа си заминав од Челси“, вели Фабрегас.

„Сари е добар човек но има свои цврсти принципи на тактичко ниво. Тој е многу самоуверен и тешко е да го предомислите“.

„Пример, секогаш сакаше фудбалерите на Челси да тренираат во 15 часот. Тоа беше лошо за играчите како мене кои имаат фамилија. Цел ден не можевме да си ги видиме децата. Тие одат на училиште наутро а кога ние ќе се вратиме од тренинг тие веќе спијат“.

„Еден ден го прашавме зошто не тренираме наутро. Тој ни рече дека тренираме во 15 часот бидеји професор во Пиза докажал дека тоа е најдоброто време за телото. Јас само ознам дека за секој играч важно е да поминува време со својата фамилија“.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе