Милан

Фабрегас има понуда од Милан

Според информациите од Италија, Милан се обидува да го купи Сеск Фабрегас во јануарскиот преоден рок. 

„Газета дело Спорт“ пишува дека разговорите меѓу Милан и Фабрегас продолжуваат преку неговиот агент Дарен Деин, син на поранешниот извршен директор на Арсенал, Дејвид Деин.
 
Весникот објаснува дека шпанскиот фудбалер ги информирал своите претставници за желбата да биде стандарден првотимец, а Милан му понудиле плата од 4 милиони евра по сезона.
 
Тоа е прифатлива понуда за Фабрегас, но проблем е договорот меѓу клубовите, Челси бара 12 милиони евра, а Милан смета дека тоа е многу за играч на кој договорот му истекува во јуни.
 
Фабрегас во јануари ќе влезе во последните шест месеци од договорот со Челси и ќе има право без дозвола да преговара со други клубови за трансфер во летниот преоден рок.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе