Сеск објасни зошто го напуштил Арсенал

Фабрегас: Додека јас плачев и гинев за Арсенал, некои се смееја и се договараа каде ќе одат вечер

Сеск Фабрегас вели дека како капитен на Арсенал чувствувал голема одговорност и притисок, не можел да го поднесе несериозното однесување на некои од играчите по што одлучил да си замине. 

Фабрегас одигра 303 натпревари за Арсенал пред да се врати во Барселона, а потоа да потпише и за Челси со кој ја освои Премиерлигата. Тој сега игра за Монако.
 
Сеск сега објаснува зошто си заминал од Арсенал, меѓудругото имал чувство дека само Робин ван Перси и Самир Насри биле на негово ниво.
 
Бев капитен и секогаш чувствував голем притисок врз мене. Требаше да го водам овој тим да освои нешто. Давав се од себе. Некогаш по поразите одев дома и плачев“, вели Фабрегас.
 
„Страдав, имав непреспиени ноќи стрдајќи. Ќе загубите натпревар, и возејќи се во автобусот се чувствувате уништени, а потоа ќе слушнете како некои фудбалери се смеат и зборуваат за тоа каде ќе одат вечер“.
 
„Ова се случуваше неколку години. Игравме прекрасен фудбал и уживав во тоа, но си ставав голем притисок врз мене да го водам овој тим, правав се и во еден момент се почувствував осамено“.
 
„Посебно во последните две-три години, чувствував дека Робин и Самир се единствените фудбалери кои беа на моето ниво и ментално и физички. Не е арогантно да го кажам ова бидејќи така се чувствував во тој период“.
 
„Многу работи ми влегоа во главата, морам да кажам дека се чувствував празн. Бев срушен и ментално и физички, давав се од себе верувајќи дека клубот ќе донесе уште неколку засилувања, но тоа не се случуваше“.
 
„Гледајќи го однесувањето на другите фудбалери ме натера да побарам да заминам на некое друго место. Доколку не се случуваа сите овие работи во тој период, немаше да го напуштам Арсенал“.

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе