Англија

ФА измисли правило за англиските клубови веќе никогаш да не помислат на Суперлига

Англичаните ја срушија Суперлигата, а во оваа земја сега се бараат начини како во иднина да се забрани клубовите дури и да помислат на креација на вакво натпреварување. 

Весникот „Тајмс“ тврди дека ФА (Фудбалската асоцијација на Англија), има решение кое наскоро ќе го вметне како правило во својот статут.
 
Во правилникот ќе биде вметнато дека ниту еден клуб од Англија нема да може да влезе во било какво натпреварување доколку за тоа не добие одобрение од Премиерлигата и од ФА. Доколку некој реши да го направи тоа без да го испочитува тоа правило, ќе биде исклучен од сите домашни натпреварувања.
 
Со ваквото правило ќе згаснат сите идеи за креација на Суперлига.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе