ФРАНЦУЗИНОТ САКА ОДНОВО ДА ИГРА НА ОЛД ТРАФОРД

Евра се поврзува со сензационално враќање во Манчестер јунајтед

Медиумите од „Островото" пренесуваат дека Патрис Евра би можел одново да го облече дресот на „Црвените Ѓаволи"

35 годишниот Французин има мала минутажа во Јувентус оваа сезона и се говори за негово заминување од Торино.

На социјалните мрежи денеска се појавија стории кои го поврзуваат Патрис Евра со сензационално враќање во Манчестер јунајтед.

На оваа тема дури се огласи и неговиот добар пријател Рио Фердинанд, кој на Инстаграм напиша: „Патрис Евра, гледам на социјалните мрежи пишува дека се враќаш дома? Кажи ми нешто!”

По ваквите шпекулации, неколку весници од „Островото“ попладнево пишаа дека Патрис Евра изразил желба одново да го облече дресот на „Црвените Ѓаволи“.

Но останува да се види каква ќе биде одлуката на Жозе Мурињо, Манчестер јунајтед има неколку играчи на позицијата лев бек но и покрај тоа овој дел од тимот останува проблематичен.

Патрис Евра е миленик на навивачите на Манчестер јунајтед и во осумте години поминати на Олд Трафорд освои дури пет титули од Премиерлигата.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе