Португалецот „пукал“ од самодоверба

Евра откри разговор со Роналдо пред реваншот со Атлетико, ЦР7 му ветил: Ќе поминеме, дома ќе ги смачкаме! (ФОТО)

Поранешниот лев бек на Јувентус, Патрис Евра на социјалните мрежи откри разговор со Кристијано Роналдо кој го имал пред реваншот помеѓу „Старата Дама" и Атлетико Мадрид во Лигата на шаммпионите.

Кристијано Роналдо беше во центарот на вниманието изминативе денови откако постигна три гола против Атлетико, му помогна на Јувентус да ја надополни негатива од 2-0 и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

За ЦР7 пристигнаа пофалби од сите страни, а денеска Патрис Евра откри разговор кој го имал со Португалецот пред реваншот и покажа колкава била самодовербата на Португалецот.

„Зад сцената.. ова се пораките помеѓу мене и Кристијано Роналдо, на 5 дена пред големиот кам-бек!!! Ова ви покажува колкава самодоверба, гнев и одлучност има најдобриот фудбалер на светот. Треба да им се заблагодариме на неговата мајка и татко и секако на бог, што ни го дадоа овој прекрасен човек и неверојатен фудбалер. На секоја голема прилика, кога притисокот е огромен, мојот брат секогаш покажува дека е човекот за задачата!!! Немојте да бидете љубоморни! Сакам само да споделам и доколку не се сложувате со мене, не можам да сторам ништо за вас... уживајте во вашиот живот но морате да признаете дека тој едноставно е најдобар помеѓу најдобрите" – гласеше пораката на Патрис Евра на Инстаграм заедно со принт скрин од разговорот кој го имал со ЦР7.

Разговорот е следен:

Евра: Брате, сметам на тебе за кам-бек во Лигата на шампионите!!! Никогаш не се сомневам во тебе!! Љуѓево ме убиваат секогаш кога ти или Јувентус ќе изгубите.

Роналдо: Знам. Ќе поминеме брате. Дома ќе ги смачкаме.

Евра: Токму така!!!! Да живее Роналдо

Роналдо: Ахахаха (испраќа селфи)

Евра: Мојот брат, ја чувствувам самодовербата (и покрај неколку емоџи става хаштаг #молетесезаатлетико)

 

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе