Олимписки пливачки маратон во Охрид

Евгениј Поп Ацев без конкуренција до триумф на Олимпискиот пливачки маратон

Евгениј Поп Ацев без конкуренција победи на трката на 10 километри на Олимпискиот пливачки маратон, тој беше единствениот пријавен во оваа дисциплина.

Денеска во Охридското езеро беше одржан третиот Интернационален Олимписки привачки маратон. На делницата од 10 километри имаше само еден натпреварувач, Евгениј Поп Ацев, па сосема очекувано нашиот најдобар пливачки маратонец излезе како победник.

Се пливаше на уште две делници. На 5 километри, во машка конкуренција најбрз беше Андреј Стојановски (ПФМ), пред Божидар Мирчевски (ВиП Работнички) и Петар Краљевски (Аква Куманово), додека пак во женска конкуренција победата ја однес е Јана Костадиновска (ПК Младост), а на пиедесталот уште се качија и Калина Стојчевска (ПК Младост) и Лина Јордановска (ПК Младост).

На трката од 2,5 километри, во маша конкуренција победи Андреј Крстевски (ПВК Орион), пред Марио Ѓузиќ (ПК Младост), и Мане Манов (ПК Центар). Во женска конкуренција триумфираше Калина Стојановска (ПФМ).

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе