Италијанецот се враќа во Премиерлигата

Евертон потврди, Карло Анчелоти е нивниот нов тренер

Евертон потврди дека Карло Анчелоти е нивниот нов тренер, но денешниот меч против Арсенал ќе го следи од трибините. 

Карло Анчелоти е нов тренер на Евертон, утринава клубот од Ливерпул го потврди ангажманот на Италијанецот.
 
Неговото деби на клупата на „карамелите“ ќе биде против Барнли на „Боксинг деј“.
 
„Евертон со задоволство може да потврди дека Карло Анчелоти е нов тренер на тимот“, стои во соопштението на клубот.
 
Анчелоти стави потпис на четири и пол годишен договор со Евертон кој трае до крајот на сезоната 2023/24.
 
За Анчелоти ова нема да биде деби во Премиерлигата, тој претходно беше тренер на Челси.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе