И навивачите влегоа на терен по третиот гол

Евертон избори опстанок откако со голем пресврт го победи Кристал Палас (ВИДЕО)

На коло пред крајот од Премиерлигата, Евертон успеа да се спаси, денеска губеше со 2-0 по првото полувреме од Кристал Палас но успеа да го сврти мечот и да победи со 3-2. 

Евертон сепак успеа да опстане во Премиерлигата иако по првото полувреме работите се одвиваа многу лошо за нив, па фановите стравуваа од најлошото со оглед на тоа дека во последното коло му гостуваат на Арсенал.
 
Во 21. минута Матета постигна гол за водство на Кристал Палас од 1-0, а Ајев во 36. минута зголеми на 2-0 за гостите.
 
По девет минути игра во второто полувреме Кин намали на 2-1 и го врати Евертон во живот, а во 75. минута Ришарлисон изедначи на 2-2.
 
На пет минути до крајот на мечот Калверт Луин даде гол за комплетен пресврт, победа на Евертон од 3-2 и опстанок во Премиерлигата.
 
 
За опстанок во последното коло ќе се борат Лидс и Барнли.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе