Премиерлига

Евертон го отпушти Силва и почна да победува, триумф над Челси (ВИДЕО)

Евертон со 3-1 славеше на Гудисон Парк против Челси, тоа беше првиот меч без тренерот Марко Силва. 

 Во првиот меч без Марко Силва, Евертон одигра одличен натпревар и го совлада Челси со 3-1.
 
Дека ги очекува добар резултат најави Ришарлисон уште во петтата минута кога со глава погоди за водство од 1-0.
 
По четири минути игра во второто полувреме Калверт Левин го зголеми водство на 2-0, а само три минути подоцна Ковачиќ со убав погодок од далечина намали на 2-1 и го врати Челси во игра.
 
Гостите од Лондон бараа израмнување, но наместо тоа примија и трет гол и тој беше дело на Калверт Левин. Во 84. минута играчот на Евертон на интересен начин ја протна топката во мрежата на Челси за конечни 3-1.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе