Европска лига

Еурофарм Пелистер имаше блед старт на Европската лига, Ним доминираше во Битола

Екипата на Еурофарм Пелистер загуби со 26-21 од Ним во Битола, македонскиот тим можеше да доживее и многу поголем пораз, но намали во финишот. 

Еурофарм Пелистер лошо ја почна сезоната во Европската лига, одигра катастрофално во најголемиот дел од мечот и само благодарение на финишот успеа овој пораз да не се нарекува и дебакл.
 
Ним доминираше во најголем дел од мечот, во еден период имаше водство и од десет голови разлика. Во 41. минута беше 19-9 за францускиот тим. До крајот на мечот гостинот даде 7 гола, Пелистер 12, па се избори за нормална негатива.
 
Стипе Мандалиниќ потроши најмногу топки и постигна најмногу голови, седум од 12, Елмир Граѓан постигна пет од пет, а Рениер Табоада додаде четири. Кизиќ и Секељ заедно имаа пет интервенции, наспроти херојот на мечот, Десбоне кој запре 13 удари на Е. Пелистер и постигна три погодоци. Најефикасен негов соиграч беше Египќанецот Мохамед Санад со седум гола. 
 
Во следното, второ коло, „пелистерци“ играат на гости кај Кадетен, на 26 октомври.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе