СЕХА лига

Еурофарм Пелистер го победи Нексе и го освои третото место во СЕХА лигата

Македонскиот тим, Еурофарм Пелистер го доби малото финале на фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата, тие го совладаа Нексе со 27-23 и го освоија третото место. 

Во првото полувреме беше неизвесно, двете екипи се менуваа во водство, а на полувремето Нексе замина со предност од 13-12.
 
Нексе го постигна првиот гол од вториот дел за 14-12, а потоа следуваше серија на Еурофарм Пелистер од 6-1 за предност од 18-15, што се покажа и клучна. 
 
Битолчани до крајот на мечот ја одржуваа предноста и на крајот славеа со 27-23 и го освоија третото место во регионалното натпреварување.
 
Најдобар стрелец во битолскиот тим беше Хосни со шест голови, додека кај Нексе, Јелиниќ постигна четири.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе