ЕСПН го најави трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, повикувајќи се на извори блиски до зделката, пренесе дека ПСЖ се откажал од намерата да го задржи Французинот и очекува напаѓачот во брзо време да соопшти дека се сели во престолнината на Шпанија.
„Светците“ не губеле надеж се до минатата недела, му ветувале брда и долини, односно огромен бонус за потпис, огромна плата, подобар состав за следната сезона, капитенската лента како и тоа да има 100% од сопствените имиџ права.
Но ова не било доволно да го одвратат од сонот да го облече белиот дрес. ЕСПН додава дека треба да се испеглаат уште некои детали помеѓу адвокатите на Килијан Мбапе и Реал Мадрид, но само прашање на време е кога ќе пристигне официјална потврда.