Паднал договор

ЕСПН Колумбија: Хамес Родригез има нов клуб, оди на позајмица во Наполи

Според пишувањата на ЕСПН Колумбија, Хамес Родригез следната сезона ќе настапува на југот на Италија и ќе го носи дресот на Наполи.

Колумбиецот ова лето треба да се врати во Мадрид по неуспешната авантура во Баерн Минхен, но Зинедин Зидан не смета на него и тој треба да си најде нов клуб.

На адреса на Хамес Родригез пристигнаа неколку понуди, а најпривлечна беше онаа од Наполи, каде треба одново да соработува со Карло Анчелоти.

Изминативе денови се говореше дека тој кажал ДА на „наполитанците“ и треба само уште калчолигашот да најде заеднички јазик со Реал Мадрид за начинот на кој ќе се реализира зделката. Наполи сака да го донесе Хамес Родригез на позајмица и следното лето во целост да го купи играчот за околу 40 милиони евра.

Попладнево ЕСПН Колумбија објави дека паднал договор.

„Хамес има нов клуб. По престојот во Баерн Минхен, за него нема место во Реал Мадрид, па тој ќе оди на позајмица во Наполи“ – гласеше пораката на Твитер.

Сепак, неколку часа подоцна постот беше избришан, па останува да се види дали ЕСПН Колумбија само избрза со објавата или сподели погрешна информација.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе