Примера

Еспањол испадна од Примера, Суарез донесе победа за Барса (ВИДЕО)

Со гол на Суарез, Барселона со 1-0 го победи Еспањол кој по овој пораз ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Примера. 

Сите важни работи на натпреварот се случија во рок од шест минути. Најпрво Фати во 50. минута заработи црвен картон поради опасен старт.
 
Но Барселона само три минути беше со играч помалку бидејќи тогаш Лозано исто така поради опасен старт беше исклучен во тимот на Еспањол.
 
Во 56. минута Суарез најдобро се снајде во шеснаесетникот на гостите, постигна гол кој на крајот значеше победа на Барселона од 1-0.
 
По овој пораз Еспањол ги загуби сите шанси за опстанок и од следната сезона ќе игра во втората лига.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе