Лига на нации

Ерменија ја спушти Македонија на земја, катастрофален меч на Димитриевски (ВИДЕО)

Македонија доживеа убедлив пораз од 4-0 на гостувањето кај Ерменија со што ја прекина серијата победи, вистински трагичар на мечот беше голманот Столе Димитриевски по чија вина примивме три гола.

Македонија не одигра на посакуваното ниво потребно за да ја забележи четвртата победа во Лигата на нации, на поразот му кумуваа големите грешки на Столе Димитриевски, но и лошите одлуки на судијата.
 
Игор Ангеловски се реши за подефанзивна тактика која се покажа како неуспешна, Ерменија беше таа која повеќе напаѓаше и беше поопасна кон нашиот гол.
 
Резултатот беше отворен во 12. минута кога Пицели шутираше од далечина, а Димитриевски наместо да ја одбие топката, тој се обиде да ја фати, таа му се лизна од рацете и заврши зад гол линијата за водство на Ерменија од 1-0.
 
Можеби се ќе беше поинаку доколку судијата во 27. минута досудеше пенал за Македонија. Барди беше соборен во шеснаесетникот на Ерменија, очигледен прекршок кој го видоа сите освен судиите, нашата репрезентација беше оштетена.
 
 
Македонија се обидуваше да го изедначи резултатот, но креирањето на акциите одеше тешко. Нападнавме во второто полувреме, но Ерменија беше поблиску до нов погодок откако Мхитарјан ја погоди пречката.
 
Во 67. минута нова голема грешка на Димитриевски, лошо додаде до Зајков изведувајќи гол аут, Ерменците ја земаа топката и постигнаа лесен гол за 2-0, стрелец беше Мовсисијан.
 
Македонија имаше убава шанса кога Трајковски биеше по асистенција од Пандев, но голманот на Ерменците одбрани, се обиде и Елмас но и тој не успеа.
 
Во 81. минута Газарјан биеше од слободен удар, а Димитриевски и по трет пат погреши за водство на Ерменија од 3-0, сите шанси за поволен резултат беа загубени.
 
Течеше судиското продолжение кога Елмас направи фаул за слободен удар за Ерменија и негов втор жолт картон на натпреварот. Мхитарјан биеше прецизно низ живиот ѕид кој беше лош и ги постави конечните 4-0.
 
Лош натпревар на македонската репрезентација, пораз кој треба да послужи како поука пред наредните натпревари. Имаме среќа што Гибралтар ја совлада Ерменија, во спротивно со овој загубен меч можевме да паднеме на втората позиција. Сега ни требаат четири бода од дуелите со Лихтенштајн и Гибралтар.
 
 
 
 
 
 

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе