Ериксен ќе си замине од Интер во јануари, а како опции се посочуваат ПСЖ, Баерн Минхен и Арсенал.
И Интер и Ериксен сакаат да се разделат, па во игра се сите возможни начини за заминување. Може да биде продаден за најмалку 30 милиони евра, да оди на позајмица или да биде разменет со друг фудбалер.
Интересно би било доколку Ериксен потпише за Арсенал, најголемиот ривал на Тотнем каде што Данецот го помина најзначаниот дел од кариерата.
Арсенал и Интер би направиле трампа, Ериксен за Џака. На топчиите им фали креативец кој ќе создава шанси и ќе ги проигрува напаѓачите, Ериксен би бил идеално засилување за нив.