Ќе продолжи да се опоравува во домашна атмосфера

Ериксен успешно опериран, фудбалерот веднаш ги посетил соиграчите од репрезентацијата на Данска

Фудбалската федерација на Данска попладнево соопшти дека Кристијан Ериксен бил успешно опериран, фудбалерот ја напушти болницата „Ригсхоспиталет" и ќе продолжи да се опоравува во домашна атмосфера.

Кристијан Ериксен доби Имплантабилен дефибрилатор на кардиовертер, уред кој го следи и регулира ритамот на срцето.

Од ФФД пренесуваат дека денеска операцијата била успешно извршена и фудбалерот ја напуштил болницата „Ригсхоспиталет“, тој сега ќе продолжи да се опоравува во домашна атмосфера.

Но пред да се врати кај своето семејство, Кристијан Ериксен наминал во кампот на Данска во Хелингор и ги посетил соиграчите од репрезентацијата.

Играчот на Интер испрати и порака која гласи: „Ви благодарам на големиот број пораки. Операцијата помина во најдобар ред. Добро сум, со оглед на околностите. Ми беше мило што можев да ги видам момците повторно, особено по одличниот натпревар кој го одиграа вчера. Нема потреба да кажам, се подразбира дека ќе ги бодрам против Русија во понеделник“.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе