Премиерлига

Ериксен со гол од далечина донесе важни три бода за Тотнем (ВИДЕО)

Кристијан Ериксен донесе победа и три важни бода за Тотнем, Данецот прецизно биеше од далечина и го урна Брајтон во финишот од мечот.

Кристијан Ериксен обожава да игра на новиот стадион на Тотнем, вечерва Данецот беше херој во дуелот со Брајтон и донесе голема победа.

Гостите долго време одолеваа, но во финишот задоцнија да го покријат Кристијан Ериксен кој со лева испрати прецизен шут од далечина за 1-0 и големо славје.

За фудбалерот од срендиот ред, ова беше втор гол на новиот стадион, а има забележано и три асистенции.

На вториот вечерашне натпревар, Ватфорд и Саутемптон ги поделија бодовите. Гостите поведоа со најбрзиот гол во историјата откако Шеј Лонг реализираше по само 7 секунди, но домаќините изедначија во 90. минута преку Греј.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе