Данецот се чувствува добро

Ериксен се огласи од болница: Ви благодарам за убавите и неверојатни пораки, ми значат многу (ФОТО)

Кристијан Ериксен се огласи од болница, фудбалерот од средниот ред се заблагодари за поддршката, вели дека се чувствува добро и исрапти порака до соиграчите од Данска.

Кристијан Ериксен го живее вториот живот откако колабрираше на дуелот со Финска, неговото срце престана да бие но докторите успеаја да го реанимираат.

Фудбалерот од средниот ред сега е во стабилна состојба и останатиот дел од Европското првенство ќе го проследи преку ТВ-екраните под контрола на лекарите.

„Огромно благодарам за убавите и неверојатни пораки кои дојадоа од целиот свет. Навистина многу ми значат, на мене и моето семејство. Добро сум, со оглед на ситуацијата. Треба да ми бидат направени уште неколку тестови во болница, но се чувствувам добро. Сега на следните мечеви ќе ги бодрам момците од репрезентацијата на Данска, играјте за целата нација“ – гласеше објавата на Кристијан Ериксен на социјалните мрежи, а беше постирана и слика од болничкиот кревет.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе