Куп на Италија

Ериксен прекрасно погоди од слободен удар во 97. минута за славје на Интер, Ибрахимовиќ трагичар (ВИДЕО)

Интер го победи Милан во Купот на Италија со 2-1 во драматичен финиш, Кристијан Ериксен прекрасно погоди од слободен удар во 97. миниута.

Интер се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија откако вечерва со 2-1 го совлада Милан. Златан Ибрахимовиќ беше трагичар а Кристијан Ериксен херој. 

Швеѓанецот постигна убав гол по половина час игра и донесе водство за Милан од 0-1, но потоа беше исклучен на стартот од второто полувреме. 

Напаѓачот најпрво доби жолт картон за кошкање со Лукаку, а потоа втор жолт и црвен за старт над Коларов. 

Со играч повеќе, Интер притисна и изедначи со голот на Лукаку од пенал во 71. минунута. 

Во 97. минута на сцена стапи Кристијан Ериксен кој прекрасно погоди од слободен удар и донесе триумф од 2-1.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе