Ериксен го одбрал Манчестер јунајтед. Според новинарот Дејвид Орстејн, Данецот има вербален договор со клубот од Олд Трафорд.
Тој денеска го известил и Брентфорд за неговата одлука да се пресели во Манчестер јунајтед.
Трансферот ќе биде комплетиран во текот на оваа недела. Кристијан Ериксен ќе потпише тригодишен договор, медицинските тестови се веќе закажани.
Клучен за одлуката на Ериксен бил тренерот Ерик тен Хаг кој го убедил да му се приклучи во Манчестер јунајтед.