Бараж за пласман на СП 2018

Ериксен го замолкна Даблин, Данска е на Светското првенство (ВИДЕО)

Данска со 5-1 победи на гостувањето кај Ирска и се пласира на Светското првенство во Русија, херој на натпреварот беше Кристијан Ериксен кој реализираше хет-трик.

Република Ирска издржа во Данска, со 0-0 се врати од таму и на домашен терен имаше убава шанса да избори пласман на мундијалот, но не успеа.
 
Натпреварот почна одлично за Ирците, уште во 6. минута Дафи со глава реализираше за водство од 1-0.
 
Во 29. минута Кристенсен погоди за 1-1, а три минути подоцна Ериксен постигна прекрасен гол за комплетен пресврт и водство на Данска од 2-1.
 
Ирска се обидуваше да изедначи и да се врати во игра, но Данска беше подобар противник, во 63. минута Ериксен постигнува нов убав гол за водство и од 3-1, тука беа ставени сите дилеми околу победникот.
 
Десет минути подоцна по една грешка на дефанзивата на Ирска, Ериксен постигнува нов убав гол за негов хет-трик.
 
Конечните 5-1 беа поставени во 90. минута Бендтнер реализираше од пенал, врз него беше направена и најстрогата казна.
 

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе