Формула 1

Епска победа на Верстапен во Австрија, но стјуардите можат да му ја одземат (ВИДЕО)

Макс Верстапен забележа епска победа во Австрија откако направи голем кам-бек по лошиот старт и на три круга пред крајот го претекна лидерот Шарл Леклер, но е под истрага откако дојде до контакт помеѓу двајцата возачи во битката за првото место.

На патека каде се очекуваше Мерцедес и Ферари да се борат за триумф, Макс Верстапен издвојува епска победа, прва за Хонда по 2006. Холанѓанецот лошо стартуваше и од второто падна дури на седмото место.

Но возачот на Ред Бул полека напредуваше, за во финишот од трката да ги помине Фетел, Ботас и на три круга пред крајот да го претекне и Шарл Леклер, кој беше на чело речиси цела трка.

Но големиот успех е под истрага откако дојде до контакт помеѓу Верстапен и Леклер по кој возачот на Ферари мораше на кратко да ја напушти патеката, сега стјуардите треба да пресечат дали ќе дојде до промена на редоследот.

Зад нив, Валтери Ботас го обезбеди последното место на пиедесталот а потоа следуваа Себастијан Фетел, Луис Хамилтон, Ландо Норис, Пјер Гасли, Карлос Саинц, Кими Раиоконен и Антонио Џовинаци.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе