Македонскиот фудбалер во одбрано друштво

Енис Барди е една од десетте ѕвезди во Ла Лига кои на лето можат да си заминат бесплатно

Шпанскиот медиум „Ел Дисмарке“ направи листа од десет најатрактивни фудбалери во шпанската лига на кои договорот им истекува по крајот на сезоната, меѓу нив е и Енис Барди. 

На Енис Барди договорот му истекува по крајот на оваа сезона и голема е веројатноста да не го продолжи со оглед на тоа како му оди на Леванте оваа сезона.
 
Тимот се наоѓа на дното на табелата без ниту една победа и се промовираше во главен кандидат за испаѓање. Доколку успее да избори опстанок Барди можеби и би решил да остане, но во спротивно сигурно заминува.
 
Покрај Барди, на листата од десет фудбалери на кои им истекуваат договорите се Усман Дембеле (Барселона), Иско (Реал Мадрид), Луис Суарез (Атлетико Мадрид), Серхи Роберто (Барселона), Аднан Јанузај (Реал Соседад), Герет Бејл (Реал Мадрид), Хоселу (Алавес), Алекс Фернандез (Кадиз)...

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе