ЕВРО 2020

Емотивно ќе биде на „Јохан Кројф“ Арената, Пандев денеска за последен пат ќе го носи македонскиот дрес

Македонската репрезентација денеска против Холандија го игра последниот натпревар на Европското првенство, ова ќе биде меч со посебни емоции, Горан Пандев за последен пат ќе го облече националниот дрес. 

Денеска се спушта завесата за Македонија на Европското првенство, а капитенот Горан Пандев против Холандија ќе го има последниот настап за репрезентацијата. 
 
Мечот на „Јохан Кројф“ Арената ќе биде во знакот на Пандев, ова ќе биде емотивен натпревар, нашиот најдобар фудбалер по две децении ја завршува кариерата во националниот тим.
 
Холандија е една од репрезентациите кои му лежат, досега има одиграно четири меча против нив и постигнато два гола. Едниот беше на 9 октомври 2004 во ремито 2-2, а другиот четири години подоцна кога загубивме во Скопје со 2-1.
 
„Среќен сум што се збогувам со репрезентацијата на едно големо натпреварување, не ни можев да посакам подобар начин од тоа, настап на Европско првенство. Емоциите се големи, но знам како да се носам со нив. Дај Боже сето тоа да се зокружи со добар резултат“, изјави Пандев на вчерашната прес-конференција.
 
Пандев има одиграно 122 натпревари за Македонија и постигнато 38 голови. Убаво би било денеска таа бројка да стане и поголема. Со гол на Пандев се пласиравме на Европското првенство, негов беше и првиот погодок на големите турнири, па зошто и да не се одјави со гол.
 
Ова ќе биде и последен натпревар и за Игор Ангеловски како селектор на Македонија. Неговиот договор со ФФМ завршува со крајот на Европското првенство и не се очекува да биде продолжен.
 
„Договорот ми завршува, јас можам само да кажам благодарам на човекот што седи до мене (Горан Пандев), најдобриот фудбалер во историјата на македонскиот фудбал. Среќен сум што работев со таков човек и капитен. Знаеме каде бевме пред пет и пол години, на 162 место на ФИФА, а каде ја донесовме Македонија - на Европско, второ место во квалификациите за Светско. Тоа доволно говори за се што направивме“, вели Ангеловски.
 
Холандија веќе го освои првото место, ние ќе останеме последни во групата, денешниот меч кој почнува од 18 часот нема резултатски императив за ниту една селекција. Наше ќе биде да одиграме опуштено, без притисок, но максимално фокусирано од првата до последната минута и да се обидеме да го испратиме Пандев со убав резултат.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе