Засилување за една сезона

Емери задоволен, Арсенал го позајми Себаљос од Реал Мадрид

Дани Себаљос денеска стави потпис на договор со Арсенал, тој ќе игра како позајмен фудбалер од Реал Мадрид во престојната сезона.

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Дани Себаљос во наредната сезона ќе го носи дресот на Арсенал откако двата клуба постигнаа договор за позајмица.
 
Се работи за класична позајмица без опција за откуп во договорот на 22-годишниот фудбалер.
 
Ова е исполнување на желбата на Емери кој го посакуваше токму Себаљос, но Реал Мадрид не дозволи да има опција за откуп, тие само сакаа да го пратат на место каде што ќе игра и ќе стекнува искуство. 
 
„Возбудени сме што Дани ни се приклучи. Тој е талентиран фудбалер со голема техничка способност, креативност и визија“, изјави Емери.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе