Тренерот на Арсенал се пошегува

Емери: Не сакаме да играме против Ливерпул

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери на шега вели дека кога би можеле да бираат, би одбрале да не играат против Ливерпул оваа сезона.

Арсенал одлично ја стартуваше новата сезона, но вистинскиот тест е во сабота кога од 18:30 часот му гостуваат на Европскиот шампион, Ливерпул.
 
„Што се однесува до нас, ние не би сакале да играме со Ливерпул. Би преферирале да не играме против нив“, на шега изјави Унаи Емери.
 
„Ова е вистински тест за нас, голем предизвик. За навивачите, за сите од нас добро е што стартувавме со шест бода“.
 
„Нашата цел е да се доближиме до Ливерпул, Манчестер Сити, Тотнем и Челси“.
 
„Кога играме против нив тоа е голем предизвик да покажеме дека можеме да се носиме. Следниот викенд ќе имаме многу добар меч“.
 
Минатата сезона Ливерпул со 5-1 го победи Арсенал, Емери се надева дека овој пат ќе биде поинаку.
 
„Ќе се подготвиме добро и дефанзивно и офанзивно. Најважно е да бидеме на нашиот капацитет и да работиме напорно. Знам дека во минатото работев напорно, така ќе биде и сега и во иднина“.
 
„Како што победуваме, може и да загубиме. Најважно од се е да останеме позитивни и да продолжиме напред“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе