Наполи

Елмас тешко дека ќе биде пуштен на позајмица во Галатасарај, Алан си заминува од Наполи

Фудбалерот од средниот ред на Наполи, Алан е пред трансфер во Евертон, а тоа значи дека драстично се намалуваат шансите Елиф Елмас да биде пуштен на позајмица во Галатасарај. 

Според „Ил Матино“, Евертон испратил понуда од 38 милиони евра за Алан, а Наполи бара 40 милиони евра. 
 
Двете страни се многу блиску до потребната сума и се шпекулира дека наскоро ќе биде постигнат договор и Алан ќе замине кај Карло Анчелоти.
 
Доколку Наполи го продаде Алан, тешко е за верување дека ќе го даде и Елмас на позајмица во Галатасарај како што се најавува.
 
При еден ваков развој на настаните пологично е македонскиот фудбалер да остане во Наполи и да биде еден од играчите во средниот ред кој ќе конкурираат за место во стартниот тим.
 

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе