Лига на шампиони

Елмас стартер против Генк, Наполи пукаше со ќорци во Белгија (ВИДЕО)

Елиф Елмас се најде во почетниот тим на Наполи на гостувањето кај Генк, натпревар во кој двете екипи пропуштија по неколку добри прилики и на крајот се заврши со најнепопуларниот резултат.

Наполи испушти два бода на гостувањето во Белгија кај Генк. Нашиот Елиф Елмас беше стартер, одигра солидно прво полувреме и беше играчот кој претрча најмногу во редовите на гостите. 

„Наполитанците“ креираа неколку добри шанси во првите 45 минути, Милик ја погоди рамката од голот. Кулибали имаше можност да постигне гол против својот поранешен тим но неговиот обид беше расчистен од гол линијата, а во продолжението од акцијата, Милик одново се избрука и пропушти изгледна прилика. 

Генк исто така имаше свои шанси, но не успеа да го најде патот до мрежата на гостите. 

Во продолжението од мечот, Каљехон пропушти голема шанса, а кратко потоа Елмас беше повлечен од игра во 58. минута, и на негово место влезе Мертенс. 

Белгиецот немаша големо влијание врз играта, Наполи немаше идеа во нападот, а со тоа и малку шанси за гол, па гостите мораа да се задоволат со 0-0 и покрај тоа што важеа за голем фаворит.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе