Серија А

Елмас стартер и во убедливата победа на Наполи кај Лече, Џеко во последните секунди донесе триумф за Рома (ВИДЕО)

Елиф Елмас и Наполи со три бода се враќаат од гостувањето кај Лече по убедлив триумф од 1-4, Един Џеко во последните секунди донесе голема победа за Рома на незгодното гостување кај Болоња.

Елиф Елмас одново беше стартер за Наполи, Македонецот доби шанса од првата минута на гостувањето кај Лече и убедливата победа од 1-4.

Резултатот беше отворен во 28. минута кога една одбиена топка стигна до Љоренте и Шпанецот рутински реализираше за 0-1. Пред крајот на првито дел Инсиње од белата точка зголеми на 0-2. Капитенот го промаши првиот обид, но судијата го понови пеналот, а напаѓачот во вториот обид не погреши.

На стартот од вториот дел, Руиз донесе 0-3 и веќе тука беше јасно дека гостите ќе ги однесат трите бода, Манкосу од пенал по еден час игра постигна почесен гол за Лече, а Љоренте во 82. минута со својот втор гол ги постави конечните 1-4.

Един Џеко со гол во последните секунди донесе големи три бода на незгодното гостувањето кај Болоња.

Коларв на стартот од второто полувреме прекрасно биеше од слободен удар за 0-1, но само пет минути подоцна домаќините од пенал изедначија на 1-1. Рома потоа остана со играч помалку, но и покрај тоа Един Џеко во 94. минута донесе 1-2 за „волчицата“.

Сампдорија со 1-0 го совлада Торино, а на првиот денешен натпревар, Сасуоло со 3-0 го совлада СПАЛ.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе