Серија А

Елмас со важна улога во победата на Наполи над Салернитана (ВИДЕО)

Наполи со 4-1 ја победи Салернитана и освои три важни бода во битката за врвот на табелата, Елиф Елмас го одигра целиот натпревар и имаше важна улога за првите два гола. 

Елмас ужива во довербата која ја има кај Спалети и со одлични игри ја оправдува, денеска остана сите 90 минути на теренот.
 
Нашиот фудбалер во 17. минута му асистираше на Жесус кој погоди за водство на Наполи од 1-0. Тој резултат траеше до 33. минута кога Салернтиана израмни со гол на Бонацоли.
 
Во судиското продолжение Елмас имаше фантастичен продор во шеснаесетникот на противникот но беше фаулиран. Судијата покажа пенал. Мертенс погоди од белата точка за водство на Наполи од 2-1.
 
Рано во вториот дел преку Рахмани и Инсиње, Наполи постигна уште два гола за конечна победа од 4-1.
 
Во останатите денешни мечеви од Серија А кој се одиграа досега, Специја со 1-0 ја совлада Сампдорија, Каљари и Фиорентина одиграа 1-1, а со ист резултат заврши и мечот меѓу Торино и Сасуоло.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе