Македонецот се огласи на социјалните мрежи по отказот на стратегот

Елмас со порака до Анчелоти: Мистер, ти благодарам за сè што стори за мене (ФОТО)

Елиф Елмас испрати порака на социјалните мрежи до Карло Анчелоти, Македонецот му се заблагодари на стратегот за укажаната доверба и му посака се најдобро во иднина.

Елиф Елмас ќе добие нов тренер, Наполи синоќа се раздели со Карло Анчелоти и во скоро време треба да го именува Џенаро Гатузо за нов кормилар. Отказот за искусниот стратег не е изненадување, ваков исход се најавуваше со недели, а низ медиумите од Италија денеска имаа најразлични стории за тоа каде пукнала тиквата.

Се пишува за проблеми кои датираат уште од минатото лето, Ла Стампа објави за несогласувања помеѓу Карло Анчелоти и управата на Наполи за настапот на трансферот пазарот.

Стратегот инсистирал на доаѓање на Мауро Икарди и продажба на капитенот Лоренцо Инсиње, кој не се вклопувал во тактичките замисли. Весникот исто така додава дека Карло Анчелоти барал засилување за левата крилна позиција а го добил Елиф Елмас, играч од средината на теренот.

Тешко е да се каже колку има вистина во сето ова, Карло Анчелоти секогаш имаше убави зборови и пофалби за Македонецот, кој попладнево се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за укажаната доверба.

„Мистер, ти благодарам за сè што стори за мене. Задоволство беше да соработувам со тебе и да ми бидеш тренер. Ти посакувам се најдобро во иднина“ – гласеше пораката на Елиф Елмас до Карло Анчелоти на Инстаграм.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе