Гатузо соопшти лоши вести

Елмас речиси три недели е позитивен на коронавирус, Македонецот се уште чека негативен тест

Џенаро Гатузо потврди дека Елиф Елмас и Пјотр Зелински се уште немаат дозвола да се вратат на тренинзите, тестовите на Македонецот и Полјакот и понатаму се позитивни.

Елиф Елмас се уште чека негативен тест, Џенаро Гатузо на денешната прес конференција откри дека Македонецот заедно со Пјотр Зелински и понатаму се позитивни на коронавирус.

„Зелински и Елмас се позитивни 21 ден, ќе треба да работат напорно за да се вратат во идеална физичка подготвеност“ - вели тренерот на Наполи пред дуелот со АЗ Алкмар во Лига Европа.

„Ќе намправиме неколку измени, 3-4 фудбалери кои не играа против Аталанта ќе добијат шанса. Потребно е да се направи правиот избор, нема да има 9-10 промени. Имаме натпревар на секој три дена, па ќе има место за сите“.

Противникот на Наполи, АЗ Алкмар има дури 13 позитивни случаи на коронавирус, но натпреварот ќе се игра.

„Секако дека има страв, како што имаше пред дуелот со Џенова. Но фудбалот е голем бизнис, се губат многу пари па мора да се игра“.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе