Македонецот попладнево ќе се сретне со новите соиграчи и Анчелоти

Елмас пристигна во Рим на лекарски прегледи (ФОТО)

Елиф Елмас пристигна во Рим каде треба да ги помине редовните лекарски прегледи со Наполи пред да стави потпис на договорот.

Македонецот е пред трансфер во редовите на „наполитанците“ откако синоќа Фенербахче официјално потврди дека е постигнат договор за преселба на играчот на Сан Паоло.

Елиф Елмас утрово пристигна во Рим и веднаш се упати во клиниката Вила Стуарт. Тој сега треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да ги комплетира сите формалности.

Се очекува во следните часови да пристигне и соопштението на Наполи, а Македонецот од Рим ќе треба да се упати во Вал ди Соле, односно тренинг кампот на Наполи и да се сретне со новите соиграчи и тренерот Карло Анчелоти.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе