Херојот на Македонија во победата над Словенија

Елмас: Прекрасно е кога публиката го скандира вашето име, сонував за тоа

Елиф Елмас беше херојот на Македонија во победата над Словенија, тој ги постигна нашите два гола за многу важен триумф од 2-1 со кој ги задржуваме шансите за пласман на Европското првенство.

Елмас три пати ја тресеше мрежата на Облак, првиот гол му беше поништен, но следните два и донесоа на Македонија голема победа над Словенија.
 
„Дијамантот“ е среќен поради головите, но вели дека победата е најважна.
 
„Среќни сме што победивме една добра селекција како Словенија, не се важни моите голови, важни се победите на Македонија. Сакам да му се заблагодарам и на селекторот кој многу верува во нас и ни го покажа патот како да ја победиме Словенија. Среќни сме поради овој триумф, но веќе размислуваме на Полска“, вели Елиф Елмас.
 
„Прекрасно е чувството целиот стадион кога ќе го скандира твоето име, тоа ми било сон од најмал, но тоа не е важно, важно што за прв пат после долго време дојдоа толку навивачи на трибините, важно е што им вративме со победа. Се надевам дека така ќе продолжиме, сега имаме отворен пат кон Европското првенство, се зависи од нас. Ќе одиме во Полска на победа“.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе