Познат е распоредот за новата сезона од Серија А

Елмас почнува на гости кај Парма, Несторовски и Пандев играат дома во првото коло од Серија А

Познат е распоредот за новата сезона во Серија А, Наполи и Елмас гостуваат кај Парма во првото коло, Удинезе и Несторовски играат на свој терен против Специја, а Џенова и Пандев го пречекуваат Кротоне. 

Шампионот Јувентус тргнува на свој терен против Сампдорија, Интер му гостува на новиот член на Серија А, Беневенто,  Милан ја пречекува Болоња.
 
Во првото коло дерби дуел ќе биде мечот меѓу Лацио и Аталанта.
 
Поинтересно ќе биде во второто коло кога Елмас и Пандев имаат пресметка, македонскиот капитен му гостува на својот поранешен клуб. Во второто коло е и дерби пресметката меѓу Рома и Јувентус.
 
Во третото коло има два големи дерби меча, Јувентус - Наполи и Лацио Интер.
 
Новата сезона почнува на 20. септември, ова се двојките за првото коло:
 
Беневенто - Интер
Фиорентина - Торино
Џенова - Кротоне
Јувентус - Сампдорија
Лацио - Аталанта
Милан - Болоња
Парма - Наполи
Сасуоло - Каљари
Удинезе - Специја
Верона - Рома
 
Целиот распоред за новата сезона од Серија А можете да го погледнете на овој ЛИНК.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе