Куп на Италија

Елмас одигра цел натпревар, Наполи ја победи Перуџа во Купот на Италија (ВИДЕО)

Наполи со 2-0 ја совлада Перуџа и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија, Елиф Елмас го одигра целиот меч. 

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас прв пат беше стартер под водство на Џенаро Гатузо. Стратегот на Наполи направи неколку замени во првиот тим, но извади силна екипа против Перуџа.
 
Двата гола ги даде Инсиње од пенал во текот на првото полувреме, најстрога казна беше досудена и за Перуџа, но Оспина го одбрани ударот на Имело.
 
Елмас одигра солиден меч, имаше по еден обид во првото и второто полувреме за гол, но не успеа да дојде до својот деби погодок за Наполи.
 
Наполо во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Лацио и Кремонезе.
 

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе