Наполи

Елмас му дал ултиматум на Наполи, или да игра повеќе или да го продадат

Според италијанските медиуми, Елиф Елмас би можел да замине од Наполи ова лето доколку клубот не му даде гаранција дека ќе има поголема минутажа од лани. 

Елмас минатата сезона настапи на 46 натпревари за Наполи, што е импресивна бројка, но на најголемиот дел од нив влегуваше како замена во последниот половина час од мечот. Нашиот фудбалер постигна седум гола.
 
Македонскиот репрезентативец сака да има позначајна улога во тимот, а не само да биде резерва која често влегува во игра.
 
Според „Кориере дел Мецоџирно“, Елмас побарал гаранција од Наполи дека во новата сезона ќе има поголема минутажа на теренот.
 
Во спротивно ќе побара да биде продаден или позајмен во клуб каде ќе може да настапува повеќе.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе