Македонскиот фудбалер се огласи на социјалните мрежи

Елмас: Многу сум среќен за првиот гол во овој дрес! (ФОТО)

Елиф Елмас синоќа го постигна првиот гол за Наполи, македонскиот фудбалер е пресреќен поради својот првенец. 

Елмас со гол му помогна на Наполи да ја победи Сампдорија, тоа беше прв погодок на нашиот репрезентативец во Серија А.
 
Тој стана шестиот македонски фудбалер кој погодил во Серија А, претходно тоа го направиле Дарко Панчев, Горан Пандев, Агим Ибраими, Александар Трајковски и Илија Несторовски.
 
Ноќта по натпреварот Елмас напиша на својот инстаграм профил: „Многу сум среќен за првиот гол во овој дрес. Се надевам дека секогаш ќе му помагам на тимот. Напред Наполи!“

 
 
 
View this post on Instagram

Molto felice per il primo goal con questa maglia spero di aiutare sempre la squadra FORZA NAPOLI SEMPRE...!!

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24) onFeb 3, 2020 at 2:43pm PST

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе