Македонецот се радува на голем успех

Елмас: Магична ноќ, се надевам ова е само првиот од долга серија трофеи! (ФОТО)

Елиф Елмас се радува на првиот трофеј во кариерата, Македонецот го подигна пехарот од Купот на Италија откако синоќа Наполи го совлада Јувентус во финалето.

На „Олимпико“ во Рим, Наполи и Јувентус синоќа ги одмерија силите во финалето од Купот на Италија, а тимот на нашиот Елиф Елмас славеше на пенали и го подигна пехарот.

Македонецот, кој доби шанса во финишот на мечот и имаше голема прилика да го матира Буфон во последните секунди, се огласи на социјалните мрежи за да ја сподели својата радост од големиот успех.

„Прв трофеј во кариерата и тоа со специјален тим, ова беше магична ноќ, со надеж дека е само првиот од долга серија трофеи!“ – гласеше пораката на Елиф Елмас.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24) onJun 17, 2020 at 4:55pm PDT

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе