Наполи соопшти добри вести

Елмас конечно негативен на ковид-19!

Од таборот на Наполи соопштија дека Елиф Елмас и Пјотр Зелински добиле негативни резултати на последните тестирања, Македонецот и Полјакот ја добија битката со коронавирусот.

Елиф Елмас од следната недела одново ќе му се стави на располагање на Џенаро Гатузо. Македонецот на 3. октомври беше позитивен на ковид-19, немаше симптоми, но долго чекаше на негативен резултат.

Од таборот на Наполи попладнево конечно ги соопштија добрите вести, Елиф Елмас ја добил битката со коронавирусот, исто како и неговиот соиграч Пјотр Зелински.

Поради ковид-19, Елиф Елмас не можеше да и помогне на Македонија на дуелот со Косово во полуфиналето од баражот, но сега ќе биде во комбинација за пресметката со Грузија и историскиот меч за пласман на Европско првенство.

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе