Италијанските медиуми откриваат

Елмас ќе потпише петгодишен договор со Наполи, позната е и неговата плата

Трансферот на Елиф Елмас во Наполи за италијанските медиуми е веќе завршена работа, тој утре треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор.

Елиф Елмас прави голем трансфер, голем број на медиуми од Италија пишуваат дека неговата преселба во Наполи е завршена работа и тој се очекува на пристигне утре на лекарски прегледи.

Се верува дека двата клуба си подале рака за зделка вредна 15 милиони евра, плус 2-3 милиони во бонуси. Наполи има согласност и со Елиф Елмас и луѓето кои се грижат за неговата кариера.

Според новинарот Николо Скира, Македонецот ќе стави потпис на петгодишен договор и ќе има плата од 1 милион евра по сезона плус бонуси.

„Од аспект на каков профил на играч станува збор, Елмас потсетува на Фабиан Руиз (засилувањето на Наполи од минатата сезона вредно 30 милиони евра), се работи за млад и возбудлив фудбалер кој е следен од голем број на екипи. Елмас е талентиран играч кој перфектно се вклопува во профилот кој вчера го опиша Анчелоти. Се верува дека има согласност за петгодишен договор и плата од 1 милион евра по сезона плус бонуси. Сумата можеби не е голема, но за млад перспективен фудбалер таа е повеќе од добра“ – вели Николо Скира за Радио Марте.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе