20 тинејџери во битка за престижната индивидуална награда

Елмас извиси, објавена финалната листа за наградата „Златно момче“

Тутоспорт ги објави финалистите за престижната индивидуална награда „Златно момче", на листата со 20 фудбалери немаше место за нашиот талент Елиф Елмас.

На 16. декември во Торино ќе се одржи 17. издание на манифестацијата „Златно момче“. Тутоспорт ќе го прогласи најдобриот млад играч во 2019 година. Услов е фудбалерот да биде под 21 година, да настапува во клуб од Европа и да се натпреварува во прва лига.

На првата листа беа објавени дури 100 имиња, потоа секој месец имаше кратање за денеска да бидат објавени финалистите. За престижната индивидуална награда ќе се борат 20 фудбалери, а помеѓу нив го нема нашиот голем талент Елиф Елмас.

Прв фаворит е Жоао Феликс, кој изминатово лето стана најскапиот Португалец кога Атлетико Мадрид на Бенфика и плати 126 милиони евра за неговите услуги.  Сериозна конкуренција ќе има во Џејдон Санчо, кој блескаше во дресот на Борусија Дортмунд.

20-те финалисти за наградата „Златно момче“:

Матајс де Лихт (Јувентус, Холандија)
Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен, Канада)
Џиџо Донарума (Милан, Италија)
Ансу Фати (Барселона, Шпанија)
Фил Фоден (Манчестер Сити, Англија)
Матео Гендузи (Арсенал, Франција)
Ерлинг Халанд (РБ Салцбург, Норвешка)
Каи Хаверц (Баер Леверкузен, Германија)
Жоао Феликс (Атлетико Мадрид, Португалија)
Дејан Јовељиќ (Ајнтрахт Франкфурт, Србија)
Моизе Кин (Евертон, Италија)
Канг-ин Ли (Валенсија, Јужна Кореја)
Андриј Лунин (Реал Мадрид/Ваљадолид, Украина)
Даниел Мален (ПСВ, Холандија)
Мејсон Маунт (Челси, Англија)
Родриго (Реал Мадрид, Бразил)
Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд, Англија)
Феран Торес (Валенсија, Шпанија)
Винисиус Жуниор (Реал Мадрид, Бразил)
Николо Ѕаниоло (Рома, Италија)

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе