Македонскиот фудбалер со голема самодоверба одговараше на прашањата

Елмас: Името Роналдо има тежина во светот, но мене ништо не ми значи, не се плашам од него!

Елиф Елмас вели дека нема страв од Кристијано Роналдо, македонскиот играч со голема самодоверба одговараше на првата прес конференција за италијанските медиуми.

Елиф Елмас денеска беше презентиран пред италијанските медиуми. Јувентус е најголемиот ривал на Наполи, па Македонецот беше запрашан и за тоа.
 
„Јасно е дека името на Роналдо во светот на фудбалот има тежина, но за мене нема вредност, не ме плаши“, вели Елмас.
 
„Знам за ривалството меѓу Наполи и Јувентус, ми објаснија. Тоа се два многу силни тимови, ќе биде убаво да се игра против Јувентус. Но да почекаме да се случи“.
 
Беше прашан и кој е најголемиот сон во неговата кариера, што сака да постигне.
 
„Имам многу голем сон, но се плашам да го кажам, ако го кажам можеби нема да се оствари“, со насмевка изјави Елмас.
 
„Дали Лигата на шампионите имаше влијание да потпишам за Наполи? Се разбира, јасно е тоа. Тоа беше една од причините поради која одлучив да дојдам, со Наполи ќе можам да го дадам најдоброто, да го презентирам мојот талент и да играм во Лигата на шампионите“.
 
Елмас треба да се бори да им фати место на некој од Фабијан и Зиелински, тоа се играчите кои играат на неговите позиции.
 
„Да ги знам. Би можел да бидам како нив но секој играч си има свои квалитети. Идол? Роналдињо“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе