Проблеми за Наполи

Елмас и уште тројца фудбалери на Наполи не можат да влезат во Англија за мечот со Лестер

Елиф Елмас и уште тројца фудбалери на Наполи не можат да влезат во Англија поради тоа што настапуваа во земји кои се ризични според состојбата на позитивни случаи на ковид-19. 

Настапот на Елмас, Оспина, Осимен и Рахмани во Лестер е неизвесен, проблем е тоа што тие играа во земји кои се сметаат за ризични во моментов.
 
Доколку влезат во Англија, ќе треба да поминат десет дена во изолација пред да можат слободно да се движат таму.
 
Наполи прави напор да биде направен исклучок за неговите фудбалери од ковид мерките на Велика Британија.
 
Италијанскиот клуб е во контакт со властите во Велика Британија преку нивната амбасада во Рим.
 
Во операцијата за дозволување на настап на фудбалерите работат и агенти на УЕФА. Се очекува наскоро да се знае дели Велика Британија ќе направи исклучок за четворицата фудбалери на Наполи и ќе им дозволи да играат против Лестер во првото коло од Лига Европа.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе