Серија А

Елмас и Наполи преку Болоња до врвот во Серија А (ВИДЕО)

Наполи релативно лесно се справи со Болоња, победи убедливо со 3-0 и повторно е на врвот на табелата, Елиф Елмас одигра 75. минути и имаше асистенција. 

Елмас беше стартер против Болоња и уште еднаш ја оправда довербата на тренерот Спалети.
 
Македонскиот фудбалер асистираше во 18. минута до Фабио Руиз кој постигна прекрасен гол за водство на Наполи од 1-0.
 
Следните два гола на Наполи беа од пенал, двапати погоди Инсиње од белата точка.
 
Наполи со оваа победа се израмни со Милан, двата тима имаат по 28 бода, но Наполитанците се први поради подобрата гол разлика.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе